Дома Останати Ракомет Алкалоид вечерва оди по историска титула во Европскиот Куп

Алкалоид вечерва оди по историска титула во Европскиот Куп

Вечерва од 20:30 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, ракометарите на Алкалоид ќе го одиграат реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот куп против грчкиот АЕК. Македонскиот претставник влегува во овој историски дуел со солидна залиха од четири гола, по победата во Атина со резултат 29-25.

Под водство на ракометната легенда Кире Лазаров, тимот на Алкaлoид е на чекор до освојување на својот прв европски трофеј, што би претставувало огромен успех за клуб кој постои само четири години. Ако успее, Алкалоид ќе стане третиот македонски ракометен клуб кој се закитил со европска титула, по славните успеси на Кометал Ѓорче Петров и Вардар.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Покрај историското значење за клубот, натпреварот носи и личен момент за Лазаров, кој има шанса да стане првиот Македонец што освоил европски трофеј и како тренер, откако претходно има долга и блескава играчка кариера.

Македонската публика очекува уште една славна вечер и прослава на нова златна страница во ракометната историја на земјата.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Алкалоид пред голем предизвик: Во квалификациите за Европската лига го доби најтешкиот противник!

Екипата на Алкалоид ќе има исклучително тежок предизвик на патот кон групната фаза од Евро…