Дома Фудбал Алонсо работел зад грбот на Модриќ: Хрватот заминува за да ослободи место за 20-годишник

Алонсо работел зад грбот на Модриќ: Хрватот заминува за да ослободи место за 20-годишник

Чаби Алонсо (43) ќе стане новиот тренер на Реал Мадрид, а поранешниот играч од средниот ред на Кралевите е подготвен веќе следната сезона со одредени засилувања да му го врати сјајот на клубот.

Реал имаше очајна сезона, која сите сакаат што побрзо да ја заборават, особено сега кога стана познато дека Лука Модриќ заминува. Хрватот вчера го одигра последниот натпревар во Мадрид, а сега сите се прашуваат кој ќе ја преземе улогата на легендата во средината на теренот.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Како што известуваат шпанските медиуми „Марка“, Алонсо од шефовите, пред сите од Флорентино Перез, побарал нова ѕвезда во средниот ред и наводно одбрал играч од Бундеслигата, која секако добро ја познава бидејќи последните сезони работеше во Леверкузен, со кој беше шампион на Германија.

Уго Ларсон има само 20 години и младиот Швеѓанец веќе некое време е на списокот на Реал. Наводно, скаути на Реал го следеле на неколку натпревари кои ги одигра за својот Ајнтрахт од Франкфурт.

Наводно, Алонсо го гледа Ларсон како совршен наследник на клубската икона Лука Модриќ. Играчиот на Франкфурт сè уште има договор до 2029 година – и нема излезна клаузула. Неговата пазарна вредност е 40 милиони евра, па за Мадриѓаните ќе биде скапо ако сакаат овој фудбалер.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Позната најголемата трансфер желба на Јувентус

Јувентус е подготвен да понуди голема сума за доведување на Виктор Осимен, кој е главна тр…