Дома Фудбал Mногу емоции во Мадрид, Модриќ се збогуваше во солзи – тука беше и Крос да го испрати! (Видео)

Mногу емоции во Мадрид, Модриќ се збогуваше во солзи – тука беше и Крос да го испрати! (Видео)

Лука Модриќ се прости од Сантијаго Бернабеу и навивачите на Реал Мадрид. Во неговиот последен натпревар на легендарниот мадридски стадион, Модриќ и неговиот Реал го победија Реал Сосиедад со резултат 2:0. Двата гола за Кралскиот клуб ги постигна Килијан Мбапе. Модриќ по завршувањето на сезоната ја напушта екипата на Реал, завршувајќи ја својата 13-годишна кариера во која стана најтрофеен играч во историјата на клубот.

Од клубот се збогува и Карло Анчелоти, кој го извади Модриќ од игра во 86. минута, момент кога трибините на Сантијаго Бернабеу експлодираа од емоции, а играчите на двата тима формираа шпалир. Најстрастните навивачи го почестуваа Модриќ целиот натпревар, а кога последен пат тргна кон клупата, овациите не престануваа. Во Мадрид со него се прости и Тони Кроос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса со пресврт го победи Овиедо

Во натпревар од 6. коло на шпанската Ла Лига, Реал Овиедо ја пречека Барселона, која тешко…