
Екипата на Наполи по вторпат во последните три сезони се закити со шампионската круна во италијанската Серија А, откако во последното коло на „Диего Армандо Марадона“ го совлада Каљари со 2-0. Со оваа победа, „партенопејците“ ја потврдија доминацијата во домашниот шампионат и уште еднаш се искачија на тронот на италијанскиот фудбал.
По големиот триумф, до новите шампиони стигнаа бројни честитки од целиот фудбалски свет, меѓу кои и една со посебна емоција – од македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Иако во моментов ги брани боите на Торино, Елмас не ги заборави своите пет години минати во Наполи.
Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Преку објава на својот официјален Инстаграм профил, Елмас упати искрена честитка до својот поранешен клуб, а сподели и видео на кое се гледа дека навивачите на Наполи сè уште не го забораваат. Македонскиот фудбалер беше дел од Наполи од 2019 до 2024 година, но во последната сезона ретко добиваше шанса да настапи. Сепак, врската со клубот и навивачите очигледно останала силна.

