
Реал Мадрид денеска ќе одигра натпревар од 38. коло на шпанското првенство на Сантијаго Бернабеу против Реал Сосиедад. Ова ќе биде последна можност за навивачите на стадионот во Мадрид да го видат Лука Модриќ и да се простат од него.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Капитенот на тимот ќе го води Реал и на Светското првенство за клубови, но денешниот натпревар е последната шанса за овации какви што веќе безброј пати ги добивал кога излегувал од игра.
„Марка“ утрово му посвети еден од бројните текстови на хрватскиот капитен. Овој напис се бави со десетките на Реал, а токму Модриќ Марка го нарече најдобрата десетка во историјата на мадридскиот клуб.
Фото: Grok Ai