Дома Фудбал Флоријан Вирц се приближува до Ливерпул

Флоријан Вирц се приближува до Ливерпул

Веројатноста Флоријан Вирц да премине во Ливерпул станува сè поголема. Во Баерн Минхен веруваат дека 22-годишниот играч на Бајер Леверкузен нема да пристигне кај шампионите на Германија, тврди “Атлетик”. Според информациите, фудбалерот ги информирал раководителите на баварскиот клуб дека ќе премине кај Ливерпул.

Битката за потписот на Вирц е меѓу Ливерпул и Бајерн, откако Манчестер Сити се откажа од учество во неа. Последните тврдења се дека германскиот репрезентативец ги избрал Ливерпул.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Трансферот, сепак, е далеку од завршен, бидејќи сега Ливерпул треба да се договори со Бајер за трансферната сума, а од Леверкузен бараат сериозна сума за еден од најголемите таленти во европскиот фудбал, при што се споменуваат бројки од 150 милиони евра.

Минатата недела Вирц беше во Англија заедно со родителите, а тогаш Ливерпул му го претстави својот проект за иднината кој му се допадна на играчот. Напаѓачкиот среден играч има договор со Леверкузен до 2027 година, а во германскиот клуб се надеваат дека тој ќе го одложи своето заминување барем за една година. Заминувањето на Чаби Алонсо, кој станува тренер на Реал Мадрид, и очекуваното заминување на некои од клучните играчи може да ги превртат вагите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид преку Јувентус во четвртфинал

Реал Мадрид со минимални 1:0 го совлада Јувентус во осминафиналето на Светското клупско пр…