Дома Фудбал Тотален ремонт во Манчестер: Само еден фудбалер на Јунајтед не е на продажба

Тотален ремонт во Манчестер: Само еден фудбалер на Јунајтед не е на продажба

Манчестер Јунајтед зад себе има една од најлошите сезони во историјата на клубот и медиумите во Англија тврдат дека летово следи целосен ремонт на играчкиот кадар на Олд Трафорд, и дека само еден играч од овој тим нема да биде на продажба.

Иако се појави информација дека нема недопирливи и дека сите се на продажба, утрово медиумите во Англија објавија дека тоа не е точно и дека еден играч навистина ужива наклонетост од Аморим, и неговата продажба не е во разгледување.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Се работи за Бруно Фернандеш кој оваа сезона без дилеми ги оправда очекувањата и играше на високо ниво. Аморим сака Бруно да остане и да биде лидер на новиот тим кој сака да го „скрои” за време на летниот трансфер период.

Иако Фернандеш е желба на многу клубови, и наводно Ал Хилал веќе испратил астрономска понуда за него, од Олд Трафорд Саудијците добија јасна порака дека Португалецот не е на продажба.

Фото: Грок АИ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите не можат да си поверуваат, Реал Мадрид со еден потег ги шокираше!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид се соочува со сериозни турбуленции, а по најновиот шокантен п…