
Чаби Алонсо следната недела ќе биде претставен како нов тренер на Реал Мадрид, а наскоро и неговиот, сега веќе поранешен клуб, Леверкузен би можел да го промовира новиот шеф на струката.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Како што известува добро познатиот инсајдер, Фабрицио Романо, Леверкузен постигна договор со доскорешниот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг.
Холандскиот тренер не се прослави на клупата на Манчестер јунајтед. Таму помина две години и не ги исполни очекувањата на луѓето од клубот. За разлика од престојот на „Олд Трафорд“, поинаку беше додека беше тренер на Ајакс.
Тен Хаг го водеше Ајакс до полуфиналето на Лигата на шампионите во 2019 година, само неколку десетици секунди недостасуваа до самото финале, но тоа не се случи. Ајакс и сега е заинтересиран да го врати некогашниот тренер, меѓутоа, Тен Хаг чека Германија.