Дома Фудбал Романо: Еден од најтрофејните играчи во историјата на клубот го напушта Реал

Романо: Еден од најтрофејните играчи во историјата на клубот го напушта Реал

Според информациите на Фабрицио Романо, Лукас Васкез ќе го напушти Реал Мадрид.

Се претпоставува дека Чаби Алонсо, кој најверојатно би требало да го преземе водството на тимот, планира да воведе промени кои вклучуваат поголема улога на младите играчи. Васкез, кој влезе во 34-та година од животот, тешко би се вклопил во таквата визија.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Во Реал освои вкупно 22 трофеи, меѓу кои се наоѓаат пет титули во Лигата на шампионите, четири титули првак на Шпанија и еден трофеј од Купот на кралот. Лука Модриќ останува рекордер на клубот со вкупно 28 освоени трофеи, додека Васкез се наоѓа на седмата позиција на таа листа.

За првиот тим на Реал има одиграно 399 службени настапи, а до истекот на договорот речиси сигурно ќе достигне 400. Во тој период постигнал 38 гола и запишал 73 асистенции. Станува збор за еден од ретките фудбалери кои поминале низ младинската школа на Реал и успеале да се наметнат во првиот состав, иако имал пократок престој на позајмица во Еспањол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Лудило“: Билетите за финалето во Лигата на шампионите се продаваат и по – 30.000 евра!

Во моментов, вистинско лудило владее околу билетите за финалниот натпревар од Лигата на ша…