Дома Фудбал Милан ја сака ѕвездата на Лион

Милан ја сака ѕвездата на Лион

Според информациите од француските медиуми, Милан покажува силен интерес за играчот на Лион, крилниот напаѓач Рајан Черки.

Черки е офанзивен фудбалер, кој успешно го покрива крилото, но исто така може да се истакне и како плејмејкер и важи за еден од најголемите француски таленти.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Поради финансиските потешкотии кои ги има Лион, се очекува Черки да биде ставен на продажба во текот на летото, а во договорот има откупна клаузула од 25 милиони евра.

Милан е спремен да ја плати таа сума, но треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за Черки интерес покажуваат неколку други европски гиганти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриено: Еве зошто Донарума требало да го напушти ПСЖ!

Италијанскиот репрезентативен голман Џанлуиџи Донарума изненадувачки, во самиот финиш на п…