Дома Бокс Не само Јамал: Оваа бројка покажува колку Рафиња значи на Барселона

Не само Јамал: Оваа бројка покажува колку Рафиња значи на Барселона

Најдобриот фудбалер на Барселона, 28-годишниот крилен напаѓач од Бразил, Рафиња, го продолжи договорот со каталонскиоd тим за уште една сезона, што значи дека ќе остане во Барса до јуни 2028 година. Оваа вест ја објавија британските медиуми повикувајќи се на реномираниот италијански спортски новинар Фабрицио Романо, кој важи за еден од најдобрите извори за фудбалски трансфери.

Бразилскиот репрезентативец, чиишто претходен договор важеше до јуни 2027 година, беше на списокот на желби на Манчестер Јунајтед, кои понудија 70 милиони евра за него. И покрај тоа што Барселона се наоѓа во сложена финансиска ситуација, управата на клубот одлучи дека продажбата на Рафиња не е опција која би ја разгледувале.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Рафиња пристигна во Барселона во јули 2022 година од Лидс за 58 милиони евра, а оваа сезона постигна 34 гола и 25 асистенции во сите натпреварувања. За Барса има одиграно 143 натпревари и забележано 54 гола и 50 асистенции.

Фото: FC Barcelona/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Скандал во Србија: Уапсен чичкото на Никола Јокиќ!

Во голема полициска акција во Србија, по налог на Јавното обвинителство за организиран кри…