По фрустрирачкиот меч против Црвена Звезда, како што го прокоментираа навивачите на Арсенал изданието на своите миленици, следи големото дерби.
Но, Арсен Венгер повторно има големи проблеми.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
По 0:0 одиграни против Црвена Звезда и натпревар во кој ги одмораше повеќето првотимци, сега мора да размислува и за натпреварот против Манчестер Сити кој на програмата е во недела.
Проблеми има доста и тоа со повредите. Неколку фудбалери сигурно нема да бидат во составот, тројца сигурно, кои Венгер ги спомена.
„Мораме да бидеме трпеливи. Сите тројца ќе бидат на располагање дури после паузата“, истакна Венгер кога беше запрашан кога се враќаат Оспина, Дани Велбек и Шкодран Мустафи.