Дома Фудбал Легендарниот голман на Ливерпул, Баерн и Барселона одлучи да ја заврши кариерата

Легендарниот голман на Ливерпул, Баерн и Барселона одлучи да ја заврши кариерата

Пепе Реина, поранешен шпански репрезентативец и легендарен голман, одлучи да ја заврши професионалната кариера на возраст од 42 години.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Оваа одлука означува крај на еден од најдолгите и најбогатите фудбалски патишта во модерната ера – дури 26 години меѓу стативите, 951 натпревар на клубско ниво и бројни трофеи на највисоките натпреварувачки сцени.

Според информациите потврдени од новинарот Матео Морето, Реина ќе ја продолжи својата кариера како тренер, преземајќи го У-19 тимот на Виљареал веќе од следната сезона. Последниот натпревар во кариерата може да биде одигран против Интер, во петок, во дресот на Комо.

“Многу убава кариера доаѓа до крај. Се чувствувам среќен за сè што доживеав. Не го планирав ова, но сега чувствувам дека е време и дека сакам овде да завршам”, изјави Реина за Movistar+, пренесува Mundo Deportivo.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо ја краде главната желба на Барселона на најкритичната позиција?!

„Газета дело спорт“ ја објави информацијата дека Жозе Мурињо го сака Бастони и смета дека …