
Барселона се подготвува за летна реконструкција на тимот, при што веќе шест фудбалери се сметаат за вишок. Во оваа група се наоѓаат Ансу Фати, Роналд Араухо, Пау Виктор, Андреас Кристенсен, Ерик Гарсија и Пабло Торре. Со оваа акција, каталонскиот клуб има за цел да го намали товарот на платите и да создаде простор за засилувања без финансиски ограничувања.
Иако сите овие играчи се на излезната листа, ситуациите на Араухо и Ерик Гарсија се малку поинакви. Тие двајца ќе го напуштат клубот само ако стигнат понуди од најсилните европски клубови. Араухо се смета за важен финансиски извор, додека Гарсија би можел да остане, освен ако не се појави понуда вредна неколку десетици милиони евра, и покрај одличната игра во завршница на сезоната.
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Кристенсен е исто така во игра за заминување, но само ако Барселона успее да го доведе Џонатан Та од Баер Леверкузен. Пабло Торре е блиску до напуштање на клубот, при што Деко го преферира моделот на продажба со можност за откуп, наместо класични позајмици. Веќе го следат Вилјареал, кои бараат замена за Алекс Баена, и Реал Сосиедад, кои се подготвуваат за можноста за заминување на Браис Мендес.
Што се однесува до Ансу Фати, нема повеќе дилеми, неговото заминување ова лето е сигурна работа. Клубот бара трајно решение за неговиот статус и не го вклучува во своите идни планови.
Во контраст со заминувањата, Ламине Јамал е клучна точка за иднината на клубот. Иако сè уште малолетен, тој веќе потпиша прелиминарен петгодишен договор. Барселона го гледа како симбол на новата ера, не само поради неговите игри на теренот, туку и поради огромниот маркетинг потенцијал.
Претседателот Жоан Лапорта во следното телевизиско излагање планира да нагласи како сезоната била многу успешна, со трократен домашен триумф и полуфинале во Лигата на шампионите. Очекува се тогаш и конкретно да разговара за враќањето на Камп Ноу и финансиските можности за доведување нови играчи.
Фото: Barcelona FC/FB