Дома Фудбал Интер Мајами поминува низ тежок период, Меси се огласи

Интер Мајами поминува низ тежок период, Меси се огласи

Легендарниот фудбалер Лионел Меси застана пред камерата за да ги сумира ужасните резултати на неговиот Интер Мајами во последно време и тежок период низ кој клубот поминува.

Меси ретко излегува пред камерата, особено на теренот по натпреварите, но овој пат одлучи на шпански јазик да ги коментира слабите резултати на клубот.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


И покрај силната желба оваа сезона да се oсвои МЛС титулата, фудбалерите на Интер Мајами се во катастрофална серија на резултати. Елиминирани се и од Купот, а во последните седум натпревари имаат само една победа во лигата.

Во ретко обраќање до медиумите, Меси разговараше со новинарот Мајкл Џаноне. Тој ги сумираше тешките периоди.

“Ова е тежок период, но ќе го поминеме. Сега ќе видиме дали сме вистински тим. Тешкото време е тука. Кога сè оди добро, тогаш е лесно, но кога доаѓаат проблеми, како сега, мораме да бидеме посилно обединети од кога било, да бидеме вистински тим и да го преминеме ова”, рече Меси на шпански.

Меси со својот тим е на шестото место, но гледа подобри денови пред Интер Мајами.

“Излегуваме од периодот на слаби резултати, но мораме да продолжиме да работиме и да размислуваме за тоа што следува. Имајќи во предвид дека до крајот на мај остануваат уште три или четири натпревари, мораме да завршиме на најдобар можен начин за да се подготвиме за Светското клупско првенство”, додава Аргентинецот.

Меси ќе има голема шанса повторно да се истакне на најголемата сцена кога неговиот Интер Мајами ќе игра на Светското клупско првенство. Тимот доби специјална покана и ќе се натпреварува против Порто, Ал Ахли и Палмеирас во групата.

Фото: Inter Miami C.F/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти подготвил големо изненадување: Во Бразил ќе соработува со некогаш најдобриот фудбалер во светот?!

Легендарниот бразилски фудбалер Кака, кој некогаш беше крунисуван за најдобар играч на све…