Дома Фудбал Ја завршија сезоната без пораз – но не го освоија првенството

Ја завршија сезоната без пораз – но не го освоија првенството

Најтрофејниот клуб во Молдавија Шериф Тираспол, ја заврши сезоната без ниту еден пораз, а тоа не беше доволно да ја освои титулата, но не беа ниту на втората позиција.

И покрај импресивната низа без пораз, Шериф ја заврши сезоната на третото место. Пред него се пласираа Зимбру на втората позиција и новиот шампион Милсами, кој дојде до само втората титула во историјата на клубот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Причината за ваквиот необичен расплет лежи во специфичниот систем на натпреварување што го користи молдавското првенство, систем што се разликува од речиси сите останати европски лиги. Имено, по завршување на регуларниот дел од сезоната, во кој Шериф беше доминантен и заврши со дури 15 бодови предност пред најблиските ривали, се бришат сите бодови и следува доигрување.

Во таа фаза влегуваат шест од вкупно осум екипи, а сите почнуваат од нула. Секој клуб игра уште десет натпревари и токму тие натпревари го одредуваат конечниот шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енцо Фернандез подготвен да го форсира својот трансфер во Реал Мадрид летово

Една од ѕвездите на Челси, Енцо Фернандез, е подготвен да достави барање за трансфер по кр…