Дома Фудбал Саудијците на двете страни: Каква ќе биде одлуката на ѕвездата на Њукасл?

Саудијците на двете страни: Каква ќе биде одлуката на ѕвездата на Њукасл?

Бразилскиот фудбалер Бруно Гимараеш е пред можност да го напушти Њукасл летово.

Oдличниот играч за врска е воодушевен од „Сент Џејмс Парк“, самиот клуб, градот и Премиер лигата, но денес, кога се работи за фудбалот, малкумина остануваат имуни на повикот на парите.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


И во Њукасл не недостасуваат финасии, но во Саудиска Арабија понудите се повисоки, а и врските помеѓу клубот и оваа земја се силни, бидејќи сопствениците доаѓаат оттаму.

Се зборува дека Ал Итхад веќе воспоставил прв контакт со овој играч од средината и дека тој е подготвен да ги сослуша понудите, иако е капитен на Њукасл, што ги очекува учество во европските натпреварувања следната година и што го подигнаа трофејот во Карабао Купот по 70 години, според бразилскиот „Уол“.

Сепак, негов приоритет останува продолжувањето на кариерата во европскиот фудбал, особено во Њукасл.

Оваа сезона Гимараеш настапи на дури 46 мечеви и забележа пет голови и осум асистенции.

Фото: Newcastle United/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Победа над Виљареал, но големи грижи за Алонсо – двајца фудбалери се повредија!

Реал Мадрид со 3-1 ја совлада Виљареал во дербито од шпанската Ла Лига, но триумфот донесе…