Дома Македонски спорт Мак ракомет Без конкуренција: Арпад Штербик е најдобриот играч за изминатиот месец

Без конкуренција: Арпад Штербик е најдобриот играч за изминатиот месец

Голманот на црвено-црните, Арпад Штербик се закити со уште едно индивидуално признание од страна на ЕХФ – најдобар играч за месец октомври 2017. година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Штербик беше еден од најзаслужните за победите на европскиот шампион Вардар против Загреб и Барселона на домашен терен и за ремито со ПИК Сегед во Унгарија.

Во конкуренција на Штербик се најдоа и Енди Шмит од Рајн Некар Ловен, Сандер Сагосен од ПСЖ, клупскиот колега Вуко Борозан и Момир Илиќ од Веспрем.

Кај жените пак, наградата и припадна на Словенката Ана Грос, која го носи дресот на француски Мец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Чупиќ: Сакам да видам борбен Вардар во Лигата на шампионите!

Македонскиот шампион Вардар по пауза од четири години се враќа во најелитното европско нат…