
Чаби Алонсо ќе го преземе Реал Мадрид во наредните денови откако го напушти Баер Леверкузен, а сегашниот тренер на Реал, Карло Анчелоти, одлучи да ја преземе бразилската репрезентација.
Играчот со најдолг стаж во клубот, Лука Модриќ би требало да остане во Реал Мадрид уште една сезона. Оваа вест ја објави новинарот Мигел Анхел Торибио на радио „МАРКА“, истакнувајќи дека тоа била „децидна желба на Чаби Алонсо при составувањето на тимот за следната сезона“.
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Алонсо, поранешниот соиграч на Модриќ, го смета искуството на 39-годишниот хрватски играч од средниот ред како лидер и клучна фигура во тимот за важно. Модриќ, чиј договор истекува во јуни 2025 година, на тој начин ќе одигра уште една сезона во Реал, негова 14-та во дресот на еден од најголемите клубови во светот.
Овој потег би бил втор во низата одлуки на Чаби Алонсо, откако трансферот на стоперот Дин Хујсен веќе е комплетиран.