Дома Фудбал Фримпонг утре на прегледи во Ливерпул

Фримпонг утре на прегледи во Ливерпул

Џереми Фримпонг ќе лета за Англија во понеделник, за да помине прегледи и да го финализира трансферот од Бајер (Леверкузен) во Ливерпул.

Холанѓанецот изјавил пред раководството на “аспирините” дека сака да се пресели на “Енфилд”, а тимот од Мерсисад ја активираше неговата откупна клаузула која изнесува 35 милиони евра.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Со ова, Ливерпул брзо реагираше и ангажираше нов квалитетен десен бек, откако пред неколку недели Трент Александер-Арнолд официјално изјави дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната и сигурно е дека ќе замине во Реал Мадрид.

Фримпонг ќе потпише договор на пет години со Ливерпул. Селтик ќе добие околу 5 милиони фунти од клаузулата на холанѓанецот.

Интересно е дека во Англија Фримпонг ќе биде со статус на домашен играч, а не на странец, поради деветте години што ги помина во академијата на Манчестер Сити. Сепак, тој никогаш не дебитираше официјално за “граѓаните”.

За Бајер, Фримпонг има постигнато 30 голови и 39 асистенции во 190 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Исак се враќа во Њукасл – се помири со судбината?

Фудбалерот на Њукасл, Александер Исак, се враќа во Англија каде што ќе продолжи со тренинз…