
Манчестер Сити првпат под водство на Пеп Гвардиола ќе заврши сезона без трофеј, што значи дека време е за реконструкција на тимот.
„Граѓаните“ веќе се активни на пазарот каде ги планираат трансферите за претстојното лето и имаат две големи имиња на листата. За нивното доведување клубот од „Етихад“ ќе треба да одвои огромна сума.
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
За Сити тоа не претставува пречка. Имено, нивен интерес се Флоријан Вирц и Тијани Рајиндерс, кои сакаат да ги донесат во своите редови.
Вирц минатата недела патуваше во Англија на разговори со клубот, но Ливерпул исто така се вмеша, што значи дека битката за овој германски талент ќе биде возбудлива. Без разлика каде ќе заврши Вирц, на Бајер Леверкузен ќе му припаднат 100 милиони евра како откупна сума.
Фото: Grok Ai