
Карло Анчелоти го започна мандатот како селектор на Бразил, но налета на неочекувани проблеми, бидејќи Фудбалскиот сојуз на оваа земја се најде во центарот на голем скандал.
Едналдо Родригес (71) беше отстранет од функцијата претседател на Фудбалскиот сојуз на Бразил поради наводен скандал околу изборите во 2022 година.
Сепак, поранешниот лидер во бразилскиот фудбал не ја прифати одлуката и поднесе жалба до Врховниот суд за да се врати на својата позиција. Родригес исто така изнесе изненадувачка теорија: постои можност ФИФА да ја спречи Бразил во квалификациите за Светското првенство 2026 година.
Фернандо Сарнеи, потпретседателот на CBF, е назначен за претседател, со цел што побрзо да организира нови избори. Сепак, Родригес изразува сомнеж дека ФИФА и КОНМЕБОЛ ќе го признаат новото раководство, што може да доведе до тешки санкции за CBF и нивните репрезентации, вклучувајќи и исклучување од меѓународните натпревари.
Според Родригес, бразилската репрезентација би можела да биде спречена да ги одигра натпреварите против Еквадор и Парагвај во квалификациите за Светското првенство, а тој треба да биде вратен на позицијата претседател на CBF.
Со уште четири кола до крајот на квалификациите за Светското првенство 2026 во Јужна Америка, Бразил е на 4-та позиција со 21 поен, што е шест поени повеќе од Венецуела, која е на 7-та позиција и прва надвор од местата што водат директно на завршниот турнир.
Фото: Принтскрин