
Според информациите од каталонските медиуми, главната трансфер цел на Барселона ова лето ќе биде ѕвездата на Ливерпул, Луис Дијаз.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако Ливерпул не размислува за евентуален трансфер, самиот фудбалер има желба да ја смени клубската средина и да се пресели во Шпанија.
Дијаз прикажува извонредна игра оваа сезона, но преговорите за продолжување на договорот со Ливерпул се појавуваат како проблематични. Главната причина за ова е Барселона.
Колумбискиот играч многу сака да премине на „Камп Ноу“, а Барселона уште од минатото лето се обидува да го доведе.