Дома Фудбал Никој Реал не го понижил како него, вчера „му пукна филмот“ и порача дека му е доста!

Никој Реал не го понижил како него, вчера „му пукна филмот“ и порача дека му е доста!

Малкумина во Реал Мадрид имаа толку подредена улога како Хесус Ваљехо, но навистина е неверојатно на какви се начини Кралевите му покажуваат на овој фудбалер дека ним воопшто не им е важно.

Ваљехо пристигна во Реал Мадрид уште пред десет години од Сарагоса, но во овој клуб никогаш не успеа да се наметне поозбилно.


Во претходните години најчесто одеше на позајмици и играше за Сарагоса, Ајнтрахт Франкфурт, Вулверхемптон и Гранада каде најмногу се задржа.

Минатото лето се врати во Реал и клубот одлучи да го задржи Ваљехо, но Карло Анчелоти веднаш му даде до знаење дека нема да игра многу. До пред неколку дена имаше само еден настап во целата сезона и очигледно е дека веќе на лето си заминува од клубот.

Изненадувачки, Анчелоти му даде шанса пред два дена против Мајорка да игра, но се чини тоа го направи поради остри критики за начинот на кој го третира Ваљехо оваа сезона.

Договорот на овој 28-годишник истекува кон крајот на следниот месец и сигурно е дека истиот нема да биде продолжен, но неверојатно е низ што сè минува во Реал.

Шпанските медиуми пишуваат дека Реал на ниту еден играч во својата историја не му покажал толку дека не им е важно како во случајот со Ваљехо, но и нему му „пукна филмот“ и одлучи да реагира.

Имено, се наведува дека овој играч вчера контактирал со клубот и побарал состанок бидејќи му не е јасно дали треба да бара нов клуб или ќе остане уште неколку недели за да помогне на екипата на Светското клупско првенство.

Во Реал одлучија дека на играчите чии договори истекуваат ова лето, ќе им биде малку продолжена соработката поради тоа натпреварување, и тоа го соопштија на фудбалерите како Лука Модриќ и Лукас Васкез, но Ваљехо никој не го ни контактирал.

Ваљехо е единствениот кој не добил никаква порака од клубот кога станува збор за Светското клупско првенство и одлучи да реагира за да ја реши дилемата дали тоа значи дека може веќе да бара нов клуб.

И навивачите на Реал се незадоволни од начинот на кој клубот се однесува кон овој дефанзивец и порачуваат дека никој не заслужува таков третман без оглед дали се смета на него или не.

Во изминатите десет години Ваљехо за Реал Мадрид одигра само 33 натпревари на кои постигна еден гол.

Инаку, се очекува дека ќе остане во Шпанија бидејќи веќе неколку клубови покажале интерес за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим има нова желба од Италија: Манчестер јунајтед треба да плати 42 милиони евра!

Се зголемуваат шпекулациите дека Бруно Фернандеш може да го напушти стадионот Олд Трафорд.…