Дома Фудбал Тренерот на Еспањол: Ќе дувнеш кон играчите на Барселона, а тие паѓаат како покосени

Тренерот на Еспањол: Ќе дувнеш кон играчите на Барселона, а тие паѓаат како покосени

Барселона ја освои титулата шампион на Шпанија победувајќи со 2:0 во градското дерби против Еспањол две кола пред крајот на Ла Лига со головите на Ламин Јамал и Фермин Лопез.

Таа победа е особено слатка за навивачите на Барселона бидејќи ја освоија титулата од еден од нивните најголеми ривали (Реал), и ја обезбедија победата против другиот – Еспањол. Барселона и Еспањол се градски ривали. Имаат големо историско ривалство бидејќи Барселона е клуб на каталонските сепаратисти, додека Еспањол на шпанските монархисти.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Додека цела Шпанија и светот му се поклонуваат на суперѕвездата на Барса, Ламин Јамал, тренерот на Еспањол, Маноло Гонзалез, жестоко го критикуваше по натпреварот поради изнудениот црвен картон во 80-тата минута.

„Јамал е многу добар фудбалер, но не треба така да симулира. Му реков во лице да престане да провоцира и да глуми! Тоа не беше остар старт, а тој падна и почна да се валка. Требаше да добие жолт картон. Го удри Ламин, но сето понатаму беше чисто театар. Ќе дувнеш во нив и тие паѓаат на теренот како покосени”, рече тренерот на Еспањол.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сандерленд се засили со играч на ПСЖ

Сандерленд го донесе Норди Мукиееле од Пари Сен Жермен, соопштуваат од англискиот клуб. До…