
Ужасни вести доаѓаат од Барселона за време на дуелот на каталонскиот гигант со Еспањол.
Непознато лице со автомобил влета меѓу навивачите собрани пред стадионот, според шпанските медиуми има и повредени.
На снимката која се појави на социјалните мрежи, се гледа бел автомобил кој се доближува до местото каде што е собрана голема група навивачи кои фрлаат шишиња кон него.
Возилото по кратко застанување со голема брзина помина низ групата навивачи. На местото на настанот има и голем број полицајци од специјалната единица.
Не е познато, барем медиумите засега немаат таква информација, што претходело на овој ужасен настан.
Барселона и Еспањол играат натпревар кој би можел да го реши прашањето за шампионот на Шпанија.
.Fans have been ran over outside Espanyol stadium. 😳
— Soccer Forever (@soccerforeverhq) May 15, 2025
pic.twitter.com/kTyqGgxnJe