
Минесота ги победи Голден Стејт Вориорс со 121:110 во Минеаполис и со 4:1 ја заврши серијата во плејофот на НБА лигата. Минесота по втор пат по ред обезбеди финале во Западната конференција, каде што ќе игра против победникот од серијата помеѓу Оклахома Сити Тандерс и Денвер Нагетс, во која ОКЦ води со 3:2. Вориорсите повторно играа без повредениот Стеф Кари, кој го чека опоравување откако неговиот тим испадна од доигрувањето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најдобар играч на Минесота беше Џулиус Рендл со 29 поени, 8 скока и 5 асистенции со шут 13/18. Ентони Едвардс додаде 22 поени и 12 асистенции за Волвсите. Брандин Подземски постигна 28 поени за Вориорсите, а го следеше Џонатан Куминга со два поени помалку.