Дома Фудбал Легендарниот тренер за Јамал: „Не гледам во него генијалност“

Легендарниот тренер за Јамал: „Не гледам во него генијалност“

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело го сподели своето мислење за еден од најсјајните фудбалски таленти денес — Ламин Јамал.

Иако фасциниран од неговиот придонес на теренот, Капело истакнува дека не го гледа во категоријата на најголемите на сите времиња.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ламин Јамал е играч со многу квалитети и може значително да напредува, но не гледам во него генијалност на феномен. Меси или Марадона правеа нешта кои никој не можеше ни да ги замисли. Во моментов не можам да го споредам со нив,“ изјави Капело за шпанскиот COPE.

Роналдо? Импресивен, но не генијален

Капело се осврна и на вечната дебата Меси–Роналдо, јасно покажувајќи ги своите афинитети:

„Не зборувам за бројки, туку за квалитет и генијалност. Кристијано Роналдо е импресивен играч… дал повеќе голови од сите, но не може да биде Меси или Марадона.“

И покрај критиките – Златна топка за Јамал

И покрај тоа што Ламин Јамал не го гледа како „новиот Меси“, Капело откри дека би му дал Златна топка за сето што го направил во актуелната сезона:

„Би гласал за Јамал за Златна топка. Моите гласови би биле: Винисиус, Мбапе и, на прво место, Ламин Јамал.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона прифати понуда да го продаде за 15 милиони, но тој не сака да „слушне“ за трансфер

Барселона пред неколку дена доби понуда што ја прифати за еден од своите првотимци, но тој…