
Иако сè уште не е сè решено за оваа сезона, дебатите за следниот освојувач на Златната топка веќе започнаа. Преку медиумите поминаа многу имиња кои треба да се земат предвид, а легендарниот Фабио Капело нема дилема кој треба да биде избран.
Сега, поранешниот тренер на Реал Мадрид, Фабио Капело проговори за потенцијалниот освојувач на Златната топка. Во интервју за „Cadena Cope“ призна дека би гласал за двајца играчи на Реал Мадрид и еден играч на Барса.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
„Во моментов, би гласал за Ламине Јамал, тој е најдобар. Дајте му веднаш Златна топка“, призна тој, и истакна дека зад Јамал би ги ставил Винисиус и Мбапе од Реал.
Фото: Принтскрин