Дома Фудбал Јувентус пронајде ново засилување – во одбраната пристигнува Холанѓанец!

Јувентус пронајде ново засилување – во одбраната пристигнува Холанѓанец!

Торинскиот Јувентус го договори доаѓањето на младиот фудбалер од Холандија Шејн ван Ерл.

Момчето кое има само 18 години моментално е член на второлигашот Ајндховен. Тој досега нема дебитирано за првиот тим, а од следната сезона ќе биде член на Јувентус.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Јувентус веќе има добро искуство со еден млад холандски стопер. Станува збор за Дин Хујсен, кој со 16 години дојде од Малага и остана три години во Торино. Иако одигра само една натпревар за сениорскиот тим, беше продаден на Борнмут за 15 милиони евра. Хујсен сега е на мета на некои од најголемите клубови во Европа.

Ван Ерл е репрезентативец на Холандија до 19 години.

. Фото: Juventus FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома и Евертон заедно во Лига Европа нема да можат!

Ако и Рома и Евертон се квалификуваат за Лига Европа, што не е невозможно сценарио, овие д…