Дома Фудбал Македонските фудбалски надежи поразени од Словачка

Македонските фудбалски надежи поразени од Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 14 години беше поразена со 3:1 од соодветната селекција на Словенија во рамките на првата контролна средба одиграна помеѓу овие две селекции на тренинг центарот „Петар Милошевски”.

Арон Вучиќ во 37. минута ја донесе репрезентацијата на Словенија во предност од 1:0. Две минути подоцна Јован Јанчевски го израмнува резултатот. Али Каан во 42. минута повторно ја врати предноста на протвникот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во продолжението, репрезентацијата на Словенија преку Анте Мачукат во 90. минута ги постави конечните 3:1.

МАКЕДОНИЈА: Марио Стојковски, Давид Рамадан, Филип Богоевски, Давор Таневски, Дин Розојац, Калин Аврамовски, Борис Матески, Дин Баталовски, Јован Јанчевски, Борјан Костовски, Виган Таири, Огнен Божиновски;

Вториот контролен натпревар помеѓу овие две селекции ќе биде одигран на 15 мај (четврток) со почеток во 11. часот.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси со солзи се прости од Аргентина! Гол, асистенција, магија и емотивна порака за збогување (Видео)

Лионел Меси е најзначајниот фудбалер во историјата на Аргентина по Диего Марадона, така шт…