
Трент Александер-Арнолд наскоро ќе стане нов играч на Реал Мадрид, но се чини дека нема да дојде на “Сантијаго Бернабеу” бесплатно како слободен играч.
Популарниот ТАА неодамна објави дека го напушта Ливерпул, а јасно е дека Реал е неговиот нов клуб, но шпанскиот клуб се соочи со проблем кога станува збор за неговиот трансфер.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Александер-Арнолд има договор со Ливерпул до 30 јуни, и може да пристапи на Реал како слободен играч на 1 јули. Но, Флорентино Перез го сака во екипата за клупското Светско првенство, а со оглед на тоа што тоа започнува на 14 јуни, јасно е дека е невозможно да дојде во Мадрид како слободен играч и да игра од почетокот на тоа натпреварување.
Затоа Реал и Ливерпул започнаа преговори за купување на Арнолд, а според пишувањето на „ESPN“, „црвените“ бараат милион евра отштета.
Ако Реал се согласи на таа сума, Александер-Арнолд ќе стане едно од најевтините засилувања на „кралевите“ во последните години.
Трансферот мора да се реализира до 10 јуни, кога истекува рокот за пријавување на фудбалерите за првиот дел од клупското Светско првенство.
Арнолд би можел да игра на клупското Светско првенство за Реал и доколку пристигне како слободен играч на 1 јули.
Имено, вториот рок за регистрација играчи трае од 27 јуни до 3 јули, а во тој случај тој би ги пропуштил натпреварите од групната фаза против саудискиот Ал-Хилал, мексиканската Пачука и австрискиот Салцбург, како и натпреварот од осминафиналето, и би можел да биде на располагање за четврфиналето, полуфиналето и финалето.