
Кошаркарите на Денвер Нагетс се најдоа на работ на елиминација од плеј-офот на НБА лигата, откако ноќеска го запишаа и третиот пораз во серијата против Оклахома Сити Тандер, а Никола Јокиќ не можеше речиси сам да му донесе победа на својот тим.
Јокиќ блесна со 44 поени и 15 скока, но тоа беше доволно само да обезбеди драматичен крај на натпреварот, сепак поразот за Денвер беше неизбежен.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Финишот на натпреварот го одбележа и една од „најлудите“ тројки во кариерата на Јокиќ, бидејќи на неверојатен начин погоди за изедначување минута и 40 секунди пред крајот.
NIKOLA JOKIC
— Legion Hoops (@LegionHoops) May 14, 2025
ONE OF THE ALL TIME GREATS pic.twitter.com/wP5vgvrTe6
Тогаш Јокиќ направи пируета и од вртење погоди преку раката на својот чувар, при што ги остави во неверување соиграчите кои се фатија за глава.
На крајот неверојатната партија на Јокиќ не беше доволна да му донесе победа на Денвер и предност во серијата, бидејќи сега Оклахома води со 3:2.
Серијата се префрла во Денвер, каде што Нагетсите ќе се обидат да се спасат од елиминацијата и да изборат седми натпревар.