
Карло Анчелоти официјално ќе стане селектор на националниот тим на Бразил на 26 мај, потврди фудбалската федерација на државата.
Ова е само еден ден по последниот натпревар, во кој Италијанецот ќе го води Реал Мадрид. 65-годишниот стручњак е првиот странец кој ќе биде постојан тренер на „златните“. Договорот со бразилската федерација веќе е потпишан, а составот на тимот на Анчелоти е познат.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Карлето првпат ќе ја води Бразил во светските квалификации со Парагвај и Еквадор следниот месец. За него ова ќе биде прва работа во национален тим. Неговиот договор за сега е до крајот на Светското првенство 2026.
Откако се врати во Реал за вториот пат на „Сантијаго Бернабеу“, Анчелоти освои по два пати Ла Лига и Лигата на шампионите, но откако вчера повторно овој сезон неговиот тим загуби од Барселона, стана јасно дека оваа кампања ќе биде нулта за кралскиот клуб. Веќе е познато дека на местото ќе го наследи Чаби Алонсо.
„Највеликиот национален тим во историјата на фудбалот ќе го води најуспешниот тренер на светот. Карло Анчелоти, синоним на историски постигнувања, беше објавен овој понеделник, 12 мај, од претседателот на CBF Едналдо Родригеш за нов тренер на бразилскиот национален тим. Тој ќе ја води Бразил до Светското првенство во 2026 година вклучително и ќе биде тренер на тимот уште во следните два квалификациски натпревари против Еквадор и Парагвај“, се вели во официјалното соопштение од страна на бразилската федерација.