Дома Фудбал Алонсо нема одмор, веднаш доаѓа и од Перез добива три засилувања за Светското клупско првенство

Алонсо нема одмор, веднаш доаѓа и од Перез добива три засилувања за Светското клупско првенство

Чаби Алонсо ги договорил сите лични услови и наскоро официјално ќе стане тренер на Реал Мадрид.

Истовремено кога пристигна информацијата за раскинот со Карло Анчелоти, Фабрицио Романо потврди дека набргу ќе биде официјално потпишано и дека Алонсо ќе се обврзе до летото 2028 година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Исто така, мадридските извори тврдат дека Флорентино Перез му порача на Алонсо веднаш да засука ракави и да ја преземе екипата од први јуни, односно да го води Реал на првото СП за клубови на ФИФА во новиот формат.

Перез има неколку мотиви да атакува на овој трофеј, еден е финансиски, бидејќи ФИФА му доделува 150 милиони евра на победникот, а другиот е да заврши сезоната со барем еден пехар, бидејќи Барселона ги освои сите три домашни титули.

Перез му порача на Алонсо дека и во текот на јуни ќе добие дури три засилувања, првото е Трент Александар-Арнолд, а претседателот на клубот брзо се фокусира и на лев бек, како и нов централен играч за врска.

Со новиот бековски пар и средишен играч, со Алонсо на клупата, Перез верува дека Реал Мадрид може да се искачи на светскиот врв и да го освои престижниот турнир на кој ќе учествуваат 32 екипи.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Човекот кој „забоде нож во срцето“ на Реал Мадрид, сега се враќа како тренер?

Алваро Арбелоа нема да остане тренер на Реал Мадрид. Претседателот на клубот, Флорентино П…