Дома Фудбал Аморим: Срам ми е кога ќе ја погледнам табелата во Премиер лигата

Аморим: Срам ми е кога ќе ја погледнам табелата во Премиер лигата

Иако постои можност сезоната да ја заврши со трофеј и со пласман во Лигата на шампионите, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, се соочува со критики поради една од најслабите сезони во поновата историја на клубот од „Олд Трафорд“.

На само две кола до крајот на Премиер лигата, Јунајтед се наоѓа на 16. позиција со 39 освоени бодови – дури 44 помалку од шампионот Ливерпул. Можниот пораз во финалето од Лига Европа само би го заокружил разочарувачкиот впечаток од оваа сезона. Сепак, целото внимание во тимот е насочено кон пресметката со Тотнем, што се гледа и по изјавите на Аморим.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Тој отворено проговори за тешкотиите со кои се соочува клубот и ја искажа својата фрустрација.

„Секој пораз мора да нè погодува како катастрофа. Чувствувам срам секојпат кога ќе ја погледнам табелата. Дури и ако ја освоиме Лигата Европа, тоа нема да ја покрие длабоката криза во која се наоѓаме“, изјави португалскиот стратег.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нејмар се налути и нападна новинар: Уште една измислена вест!

Бразилецот Нејмар (33) повторно е во центарот на вниманието, но овој пат не поради неговит…