
Во натпревар без резултатски влог, но со многу престиж на маса, Ливерпул и Арсенал одиграа возбудливо реми од 2-2 во дербито на 36. коло од Премиерлигата.
Домашниот состав започна фуриозно и веќе до 21. минута стекна убедлива предност. Прво Коди Гакпо погоди за 1-0 во 20. минута, а само една минута подоцна Луис Диаз ја зголеми разликата на 2-0.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Сепак, „топчиите“ не се предадоа и со борбена игра успеаја да се вратат во натпреварот. Габриел Мартинели намали на 2-1 на самиот почеток од вториот дел, во 47. минута, а израмнувањето го донесе Мерино во 70. минута, поставувајќи го конечниот резултат.
Фото: Принтскрин