Дома Фудбал Стигнаа на преговори! Агентите на Џонатан Дејвид во Италија!

Стигнаа на преговори! Агентите на Џонатан Дејвид во Италија!

Џонатан Дејвид сè уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата, но е јасно дека тоа нема да биде во Лил каде што сега игра. 

Неговиот договор истекува на крајот од оваа сезона и има голем број понуди, а како фаворит моментално се издвојува – Наполи!

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Сè се сведува на тоа кој ќе понуди најмногу, Дејвид го оставил на неговите менаџери да управуваат со работите, а тие веќе пристигнале во Наполи. 

Има ли проблеми во преговорите?

Клучни пречки се бонусот за потпис и провизијата за менаџерите, но директорот на Наполи, Џовани Мана, веќе организирал разговор меѓу агентите и Де Лаурентис.

Наполи има и други планови, ако не успее да го донесе Дејвид, кој оваа сезона постигна 25 голови во сите натпреварувања. 

Се споменуваат Лука (Удинезе), Хојлунд (Манчестер Јунајтед) и Бони (Парма). 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мемфис Депај и хотелска соба од 40.000 евра месечно

Бразилскиот Коринтијанс западнал во големи долгови поради лошо направениот договор со позн…