Дома Фудбал Рафиња откри од која ѕвезда добива златни совети

Рафиња откри од која ѕвезда добива златни совети

Рафиња оваа сезона игра маестрално во Барселона и многумина веруваат дека е еден од главните кандидати за освојување на Златната топка, и покрај испаѓањето на клубот од Лигата на шампионите. Бразилецот пред Ел Класико реши да ја сподели својата животна приказна и да признае кој му помогнал најмногу за да се адаптира толку добро во екипата на Барселона.

Тој изјави дека ужива додека игра за Барселона и откри кој му помогнал особено да се вклопи најдобро во каталонскиот клуб, но и во животот во Шпанија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Често разговарам со Нејмар. Тој ми даде многу корисни совети кои ми го олеснија животот и играта во Барселона. Среќен сум што постепено ги достигнувам бројките на Нејмар од неговите времиња во Барселона. Се надевам дека ќе продолжам во добра форма и ќе освојам сè што тој освои со нашиот клуб“, откри Рафиња.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шчезни пушеше цигари во соблекувална, реакцијата на Јамал е вистински хит (Видео)

Големо славје во соблекувалната на Барселона по победата над Реал (3:2) со што го освоија …