Дома Моторспорт Лудило во Ле Ман: Феноменалниот Фабио Квартараро стигна до нова пол позиција

Лудило во Ле Ман: Феноменалниот Фабио Квартараро стигна до нова пол позиција

Францускиот мотоциклист, Фабио Квартараро, стигна до нова неочекувана пол позиција, и тоа на домашен терен – во Ле Ман!

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Возачот на Јамаха го постигна второто последователно најдобро стартно место во сезоната. Уште впечатливо е што го направи тоа на домашен терен, и тоа на каков начин.

До пол позицијата стигна со рекорден круг од 1:29.324 секунди. Со тој резултат ги шокираше сите, исто како што направи и пред две недели во Херез.

Тогаш неговата пол позиција беше големо изненадување, а сега го повтори тоа – и тоа против најсилната конкуренција.

Особено е впечатливо што до најдоброто време дојде во последните моменти од квалификациите.

Неговиот најблизок ривал беше Марк Маркез. Искусниот Шпанец го држеше првото место до самиот крај.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Стравична сцена: Погледнете го тешкиот пад на Марк Маркез во Франција! (Видео)

Во драматичен момент во претпоследниот круг на спринт трката на Ле Ман, Марк Маркез доживе…