Манчестер Сити го забележа најдобриот старт во историјата на Премиер лигата.
„Граѓаните“ имаат освоено 28 бода во првите десет натпревари, а избраниците на Пеп Гвардиола играат фантастичен фудбал веќе неколку месеци. Кевин Де Брујн е одличен во средниот ред, додека Хесус и Агуеро постигнуваат голови.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Сето ова доведува на размислување дали на Манчестер Сити им се потребни уште засилувања?
„Don Balon“ пишува дека Пеп Гвардиола верува дека може да го доведе Иско во спектакуларен трансфер на „Етихад“. Пред 12 месеци изгледаше дека Шпанецот сигурно ќе го напутши Реал, но од тогаш Иско стана незаменлив во првиот тим на „Кралевите“.
Иако доби нов договор вреден 6 милиони евра по сезона, Манчестер Сити верува дека прашање е само кога Иско ќе пристигне на „Етихад“.