Дома Фудбал Аморим: Навивачите ми се поважни од моето портфолио

Аморим: Навивачите ми се поважни од моето портфолио

Фудбалерите на Манчестер јунајтед се во финалето на Лига Европа, по двомеч во кој убедливо го совладаа Атлетик Билбао. Таму ќе играат против Тотенхем, кој беше подобар од Бодо Глимт.

Синоќа покрај убедливата победа на Јунајтед од 4:1 на „Олд Трафорд“, забележан беше и одличен настап на Мејсон Маунт, кој конечно наликуваше на оној од Челзи од 2021 и 2022 година.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Свесен за тоа е и менаџерот Рубен Аморим.

„Многу сум среќен за Мејсон. Тој е таков играч… Многу работи“, рече Аморим, па додаде:

„Маунт е совршен за таа позиција бидејќи може да биде одличен плејмејкер, може да трча како крило, може да игра со грбот кон голот. Кога гледаш таков тип што напорно работи секој ден, тој прави сè…“

Манчестер лошо игра во Премиер лигата, но затоа Лига Европа е карта за излез во Лига на шампиони и искупување за навивачите.

„Навистина сакам нешто да им дадам на навивачите, бидејќи сме разочарувачки оваа сезона во Премиер лигата. Тоа ми е многу поважно, отколку да го надградувам моето портфолио“, рече Аморим.

Фото: Принтскрин

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус подготвува голема понуда за Осимен

Јувентус е подготвен да понуди голема сума за доведување на Виктор Осимен, за да ги реши с…