
Боде Глимт ја заврши бајката, Атлетик Билбао имаше сила само да му се закани и да поведе на Олд Трафорд, како што и се очекуваше по првите натпревари финалето на Лига Европа ќе го играат Манчестер јунајтед и Тотенхем.
Ќе биде тоа англиска битка за пласман во Лигата на шампионите, последна шанса за спас на сезоната по очајните резултати на „ѓаволите“ и „петлите“ во Премиер лигата на Англија.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Големата пресметка е на 21 мај на Сан Мамес во Билбао, каде што Манчестер јунајтед практично го обезбеди пласманот во финалето со победа од 3:0 во првиот натпревар од полуфиналето.
Реваншот, сепак, не беше лесен за Јунајтед, иако конечниот резултат од двата натпревари од 7:1 тоа не го покажува.
Тотенхем рутински го победи Боде Глимт и во реваншот, и така со вкупен резултат од 5:1. Боде Глимт не успеа да направи сензација на дожд во Норвешка и проследен со аплаузи од публиката заврши ја европската мисија во историската сезона.