Дома Фудбал Влаховиќ одговараше на дечиња: Роналдо ми е омилениот, дел Пјеро баш и не

Влаховиќ одговараше на дечиња: Роналдо ми е омилениот, дел Пјеро баш и не

Душан Влаховиќ веќе неколку месеци е во центарот на вниманието околу потенцијалното заминување од Јувентус, а српскиот репрезентативец разговараше за различни теми во последното обраќање до медиумите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Влаховиќ на редовниот годишен настан „Џуниор репортер“ одговараше на различни прашања од децата, вклучувајќи и дали би бил голман:

„Мислам дека е тоа малку специфична улога, но на крајот сите нè штити. Никогаш не сум играл на таа позиција, можеби еден ден ќе се обидам“.

Дали повеќе ја сакаше школата или топката, одговорот беше едноставен:

„Фудбалот сигурно. На мајка ми повеќе ѝ беше грижа да одам на школо. Некое време правев и двете, но подоцна се фокусирав на фудбалот“.

Влаховиќ кажа и кој му е омилен фудбалер:

„Имав многу, но дефинитивно Кристијано Роналдо“, рече српскиот репрезентативец, а потоа доби и дополнително прашање дали можеби и Дел Пјеро е меѓу омилените:

„Не ми беше омилен“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погледнете како изгледаше ногата на Кварацхелија по изнудениот пенал (Фото)

Квича Кварацхелија беше принуден да го заврши финалето на Лигата на шампионите порано, отк…