Дома Фудбал Флик: Ламин е гениј, потребен ни е сега!

Флик: Ламин е гениј, потребен ни е сега!

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, верува дека неговиот тим може да се пласира во финалето на Лигата на шампионите.

Во првиот натпревар меѓу Барселона и Интер видовме спектакл и резултат 3:3 на крајот. Од 21 часот во Милано се игра вториот натпревар, по кој ќе го дознаеме првиот финалист од оваа година во Лигата на шампионите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ламин е гениј. Неверојатно е тоа што го прави со топката. Секое додавање обично е… Вистинска сила, вистинска должина. Неверојатно е сето тоа со 17 години. Во првиот натпревар нè врати во игра со своите акции и својот гол, беа полни око да се видат. Но, секогаш мора тоа да го покажува. Пред нас е вториот натпревар, многу важен, бидејќи сакаме да влеземе во финалето. Тоа е нашата цел и ни се потребни сите на највисоко ниво за да го победиме фантастичниот тим каков што е Интер“, изјави Флик.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конечна табела од групната фаза на Лигата на Европа. Кој продолжува понатаму?

Со спектакуларното финално коло, во кое се одиграа дури 18 натпревари истовремено, заврши …