Дома Фудбал Тоти мораше да ја објасни посетата на Русија: Што има лошо во тоа?

Тоти мораше да ја објасни посетата на Русија: Што има лошо во тоа?

Легендарниот Франческо Тоти уште еднаш по инсистирање на новинарите се осврна на престојот во Москва на почетокот на април, каде што беше специјален гостин на една фудбалска церемонија.

Тоти ја посети Москва во организација на обложувачката компанија „Bookmaker Ratings“, која доделува признанија за најдобрите во фудбалот од 2019 година.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Извршниот директор на компанијата тогаш рече дека за да го донесат Тоти на церемонијата, фирмата му исплатила шестцифрен износ на поранешниот италијански репрезентативец.

Тоти стана мета на критики во неговата татковина не толку заради промоцијата на обложувалницата, иако и таквиот договор не беше најмудрата одлука – туку заради фактот дека ја посети земјата која ја нападна Украина.

Тој и тогаш рече дека бил во Москва од чисто спортски причини и затоа што го поканиле, а за тоа патување зборуваше и неодамна, за време на гостувањето во ток шоу емисијата “Che tempo che fa”.

„Бев таму затоа што бев поканет. Тоа беше спортски настан, отидов таму, што има лошо во тоа? Зошто да не?“, беше сè што кажа на прашањето на соговорникот да го објасни патувањето во Русија уште еднаш.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Видео: Навивачи на Интер се обидоа да се вратат на стадионот за продолженијата. Беа одбиени.

ИНТЕР е првиот финалист на оваа сезона во Лигата на шампионите. Првиот натпревар во Катало…