Дома Останати Кошарка Кошаркарите на Партизан учествуваа во жестока тепачка во Белград

Кошаркарите на Партизан учествуваа во жестока тепачка во Белград

Според првите информации, најжесток бил Карлик Џонс, кој со шише во глава удрил еден младич.

На социјалните мрежи кружат снимки на кои наводно се гледаат кошаркари на Партизан кои учествувале во улична тепачка пред еден клуб во Белград.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според информации што ги пренесуваат белградските медиуми, станува збор за четворица првотимци на црно-белите, а најжесток меѓу нив бил Карлик Џонс, кој и со шише во глава удрил еден од младичите кои учествувале во тепачката.

Покрај Карлик Џонс, во тепачката учествувале и Исак Бонга, Стерлинг Браун и Франк Ниликина.

Според уште непотврдени информации, со овој настан се занимава Министерството за внатрешни работи, а се очекува претседателот на кошаркарскиот клуб Партизан Остој Мијаиловиќ да се огласи во понеделник.

Сè се случило во ноќта меѓу недела и понеделник, а според информации од итната помош, две лица по тепачката имаат полесни телесни повреди, додека едно лице здобило тешки телесни повреди.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Сезонава завршува една неверојатна низа на Леброн долга 21 година!

Актуелната сезона во најсилната кошаркарска лига во светот носи и крај на една неверојатна…