
РЕАЛ МАДРИД ја започна оваа сезона како актуелен освојувач на два големи трофеи. Под водство на Карло Анчелоти, минатата година ги освоија Лигата на шампионите и Ла Лига, но оваа година се соочени со можноста да останат без ниту еден трофеј. Постојат теоретски шанси да го одбранат насловот во шпанското првенство, но Барселона има значителна предност, а за Реал да се врати би требало вистинско чудо.
Претседателот на клубот Флорентино Перез тешко го поднесува фактот дека Каталонците во моментот се пред нив. Барселона оваа сезона го надмина Реал, што во Мадрид предизвикува големо незадоволство. Перез сака итно враќање на самиот врв. Од лето најверојатно клупата ќе ја заземе Чаби Алонсо, а се планираат и значајни засилувања.
Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓
Трент Александер-Арнолд веќе е договорен како ново решение на десниот дел од одбраната, а Перез сега планира да доведе и централен бек, бидејќи Реал оваа сезона имаше многу проблеми поради повреди во одбранбената линија. Целта е избрана. Реал сака да го ангажира Вилијам Салиба од Арсенал, и се спремни да платат 100 милиони евра за неговото доведување.
“Вилијам Салиба е приоритет за Реал Мадрид. Перез го сака како лидер на одбраната во наредните години”, наведува францускиот Л’екип и додава: “Салиба отсекогаш има посебна поврзаност со Реал. Смета дека овој клуб е најголемо можно достигнување за еден играч. Тоа е единствениот клуб што може да го привлече покрај Арсенал.
Во последните недели се одржани преговори со сите страни поврзани со трансферот. Клубот го сака за време на летото или во најлош случај во летото 2026 година.” Арсенал наводно е отворен за преговори, но за возврат го бара Аурелиен Чуамени. Реал, според тврдењата, не ја исклучува можноста за размена со финансиска компензација.
Салиба е член на Арсенал од 2019 година, кога пристигна од Сент-Етјен, а во меѓувреме беше на позајмици во Сент-Етјен, Ница и Олимпик Марсеј. По нив стана стандарден играч во лондонскиот клуб. Редовен е член на француската репрезентација, за која досега настапил 28 пати.