Дома Фудбал Интер ја призна болната вистина пред реваншот со Барселона

Интер ја призна болната вистина пред реваншот со Барселона

Интер и Барселона ќе се борат во вторник навечер за пласман во финалето на Лигата на шампионите. Италијанскиот тим можеби ќе биде значително ослабен во оваа средба, а за тоа говореше синоќа по натпреварот со Верона помошниот тренер на овој клуб, Масимилиано Фарис.

Откако Наполи славеше со 1:0 на гости кај Лече, Интер вчера во рамките на 35. коло од италијанската Серија А славеше со истиот резултат против Верона и остана три бода зад тимот од југот на Италија.

Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


Видовме ротирање на дури десет играчи во тимот на Интер поради повреди, суспензии и фактот дека го дочекуваат Барселона во вторник, но Аслани реализираше ранен пенал и осигури вредни три бода.

Помошниот тренер на Интер Масимилиано Фарис се обрати пред медиумите по овој натпревар, зашто Симоне Инзаги отслужува суспензија, како дел од договорот за признание на вината заедно со Хакан Чалханоглу во истрагата за врските на Интер со сомнителни ултра групи.

„Интензитетот, концентрацијата и желбата за преземање иницијатива беа сè уште тука. Знаевме дека нема да биде лесно да се најде простор против Верона, можевме побрзо да започнеме во второто полувреме кога ќе се отвори простор, но имавме правилен став”, рече Фарис за Скај Спорт Италија и додаде:

„Имавме многу играчи кои не играле заедно долго време, па мораа подобро да се запознаат, но сите дадоа сé од себе“.

Големото прашање е дали Лаутаро Мартинез ќе се ослободи од проблемите со мускулите и барем ќе биде на клупата во вторник навечер.

„Вистина е дека не е повреда, така што постои мала надеж, но моментално е повеќе не отколку да. Не тренираше, секако ќе пробаме сé бидејќи ова е фундаментален натпревар, но за жал, моментално е повеќе не отколку да“, призна помошниот тренер на Интер.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн е шампион. Кејн конечно освои титула

Две кола пред крајот, по нерешениот натпревар на Леверкузен во Фрајбург, Баерн дефинитивно…