Дома Фудбал ФИФА за Модриќ направи преседан: Хрватот ќе игра на Светското клупско првенство – никој не знае што потоа!

ФИФА за Модриќ направи преседан: Хрватот ќе игра на Светското клупско првенство – никој не знае што потоа!

Живата легенда на Реал Мадрид Лука Модриќ во септември ќе наполни 40 години, на крајот од својата импресивна кариера, но сè укажува на тоа дека тој ќе игра за Хрватска на Светското првенство 2026 година, а потоа „ќе ги закачи копачките на клинец“. Се разбира, сето тоа под услов неговата селекција да се пласира на светскиот шампионат.

Сега се поставува прашањето во кој клуб ќе ја одигра следната сезона, пред Светското првенство, бидејќи му истекува договорот со Реал Мадрид на 30 јуни.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Тоа 30 јуни ќе биде среде новоформираното Светско првенство за клубови, кое ќе се игра во САД, а ФИФА излезе во пресрет на Реал и Модриќ и одлучи да му го продолжи договорот за две недели, за да може да игра за својот клуб на целото првенство. Истото важи и за Лукас Васкес, од кој се очекува заедно со Модриќ да го напушти Реал во текот на летото.

Шпанскиот „АС“ пренесе информација дека тие ќе можат да играат за Реал и по групната фаза каде што ќе се натпреваруваат против Салцбург, Ал Хилал и Пачука.

Значи, се очекува Модриќ да го реши прашањето за неговата идна кариера во клубот дури во август.

Фото: Real Madrid FC/X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Играчот на Челзи од 100 милиони се подготвува за судење, го повикал адвокатот на Погба

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) потврди дека е покрената дисциплинска постапка про…